Погледнете како изгледа возењето со најбрзиот ролеркостер на стариот континент

Пишува: Точка

Страшниот „воз на смртта“, кој изгледа како болид на Ферари, е најголемата атракција на Ferrari Land. Имено, брзината која ја постигнува е застрашувачка, па така од 0 до 180 километри на час ќе постигнете само за 5 секунди!

Адреналинските зависници имаат причина за насмевка од уво до уво, бидејќи во Шпанија е отворен нов забавен парк наречен Ferrari Land. Она што ви го ветува паркот и што може да се претпостави од неговото име, секако е брзината, па не е ни чудо што најбрзиот ролеркостер во Европа е сместен токму тука.



Паркот е отворен на 7-ми април, но всушност станува збор за проширување на постоечкиот и надалеку познат парк Port Aventure. Еднодневната карта за возрасни чини 60 евра, а таа гарантира влез во двата парка. Доколку имате време и можност, значително повеќе се исплати да останете два дена, бидејќи таа опција е само 10 евра поскапа.



Страшниот ролеркостер кој изгледа болид на Ферари, е најголемата атракција на Ferrari Land. Имено, брзината која ја постигнува е застрашувачка, па така од 0 до 180 километри на час ќе постигнете само за 5 секунди! Таа брзина ја постигнувате кога возот ќе ве крене на 112 метри височина, а потоа ќе ве спушти доле...

Возењето со овој ролеркостер го тестирал дури и тест-возачот на Ферари Марк Џин, кој признал дека подобро му е кога седи зад воланот на формулата.



Секако, овој ролеркостер не е единствената атракција во Ferrari Land. Тука има и тркачки патеки, два симулатори на возење Формула 1 и кула висока 55 метри од која можете да почувствувате како изгледа слободен пад.

За оние кои се љубители на историјата, во паркот е направена „мала Италија“, во која можете да разгледате некои од најпознатите италијански градби, како што се Колосеумот, операта Ла Скала и фиренциската Палацо Векио. Наоколу има и италијански ресторани, па ќе може да вкусите италијански шпагети.

Значи, ако патот ве одведе во Барселона, земете го автомобилот и возете еден час кон југ. Ferrari Land нема да ве разочара, а ако не сте љубители на Ферари, за уживање ви останува и целосната Port Aventura.

No comments

Powered by Blogger.