Терористи жестоко ги нападнале руските сили во Сирија: Двајца војници загинаа, а лекарите се борат за животот на третиот!


Руски војници загинаа во терористички напад...

Денес загинаа двајца руски војници во Сирија во терористички напад. Тие загинале при експлозија на мина, а уште еден војник е хоспитализиран во болница и се наоѓа во критична состојба, пренесува Russia Today.

"Во нападот од терористи во Сириско-Арапската Република во експлозија на мина загинаа двајца руски војници... За животот на трет ранет војник се борат воените лекари", наведено е во соопштението на Министерството.

Претходно, Министерството објави дека руски војник загинал во близина на Палмира, Сирија, кога група Исламски милитанти се обиделе да се пробијат на површина окупирана од страна на сириските провладини сили. Еден руски генерал-мејор, исто така ги изгубил двете нозе и едно око кога бомба контролирана преку радио сигнал го погодила конвојот кој одел кон аеродром лоциран западно од Палмира во сирискиот град Хомс.

No comments

Powered by Blogger.