Подобро да не влегуваат во судир со Русите за Арктикот: Еве што ќе ги дочека на ледениот север

Пишува: Точка

Во текот на последните години околу Арктикот се води вистинска административна битка, но Русија има специјално оружје кое отпорно на суровата клима и подготвено да го совлада и најсложениот релјеф во овој регион, доколку биде неопходна воена интервенција.

На следната воена парада по повод Денот на победата на руската армија, покрај познатиот тенк "Армата" и противвоздушниот систем "S-300", ќе се демонстрира и нова специјална воена техника наменета за водење на борбени дејствија на крајниот север.


"Пошироката јавност за прв пат ќе го види зенитно-ракетниот систем "Tor-M2DT" и зенитнииот ракетно-топовски систем "Панцир-СА", како и придружувачки возила", изјавил командантот на копнените трупи, генерал-полковник Олег Саљуков.



Според неговите зборови, таа техника може успешно да ја штити територијата на Русија во сложените климатски услови на Арктикот, каде нема патишта, а базите за снабдување се многу далеку.

Арктикот досега не бил воено упориште, но потенцијалните битки меѓу ледниците и тундрите може да бидат поврзани со многу потешкотии поради посебната клима во тој регион.


Најголем проблем на Арктикот се проодноста на техниката и нејзината отпорност на ниски температури. Во зима температурите на Арктикот може да се симнат до -60 степени Целзиусови.

На таков студ обичната техника не функционира, бидејќи моторното масло е погусто, гумите се кревки како стакло, а електрониката откажува. Покрај тоа, релјефот исто така создава проблеми. Под снегот може да има огромни камења, како и мочуришта кои не замрзнуваат.

Руските проекти бироа конструирале серија производства на специјални воени теренски возила прилагодени на условите на крајниот север. Меѓу најинтересните модели е "DT-10 Витез". Оваа машина е конструирана пред 30 години и константно се модифицира.

Има гасеници и два споени отсека. Благодарение на тоа може да носи товар од 10 тони и да развива брзина од 40 километри на час, што за Арктикот е многу.


Последниот новитет на творците на "Витез" се состои во тоа што машината сега фактички претставува борбена блиндирана платформа, на која може да се монтира оружје.

Друга иновација на руските конструктори се теренските возила со огромни тркала со дијаметар од 2 метри. Специјалните гуми значително го намалуваат притисокот на теренот, што на машината и овозможува лесно да минува низ длабок снег, мочуриште и замрзнато речно корито.



Овој вид на техника мора да има можност долго да функционира со еден резервоар. Сите модели се конструирани така што можат да минат пат од три дена и три ноќи. Токму тој показател е демонстриран при неколку маневри руските вооружена сили на Арктикот.

Земјите кои излегуваат на брегот на Северниот леден океан отворено претендираат на неговите природни богатства. Русија во таа ситуација константно ги засилува своите позиции на крајниот север.

На местото на старите советски воени бази се создаваат нови, опремени со најмодерна техника. Најмногу меѓу нив се наоѓаат на Новосибирските острови и на Земјата Франц Јосиф. Тоа се базите "Северен Клевер" и "Арктички трјохлистник" - најсеверните капитални објекти на планетата, изградени по посебен проект.


На нив цело време престојуваат и служат неколку стотини војници. Тие имаат се што им е потребно за една и пол година престој во изолација од урбаниот свет.

Престои опремување на капиталните аеродроми, разместување на противбродски и противвоздушни системи во базите и усовршување на комуникацијата со подморниците.

Ако сето тоа биде реализирано, рускиот краен север ќе биде покриен со штит на земја, вода и воздух.

No comments

Powered by Blogger.