Татко на сите бомби: Светот уште се тресе од американската "Мајка на сите бомби", но рускиот одговор е помоќен


Целиот свет затреперил кога слушнал дека Америка ја фрлила "Мајката на сите бомби", чудовиште тешко 11.000 килограми, меѓутоа "таткото" Русите се уште не го употребиле и е четири пати помоќен.

Кога вчера ја фрлиле бомбата "GBU-43" на подрачјето на источен Авганистан, САД во борбата против ИСИС искористиле "најмоќното ненуклеарно експлозивно оружје", кое Пентагон моментално го поседува.

Меѓутоа, "Мајката на сите бомби", како што колоквијално ја нарекуваат, со своите 11 тони тежина и можност да пенетрира преку 60 метри дебел армиран бетон, сепак не е најмоќното ненуклеарно оружје на светот.


Како што предупредува Haaretz, четири години откако САД во 2003. година прв пат ја тестирале "Мајката на сите бомби", Русија го претставила "Таткото на сите бомби", ракета четири пати помоќна од американската "GBU-43". Руски воен функционер, при претставувањето на бомбата, рекол дека истата нема ривал никаде во светот.


"FOAB", или уште позната како "ATBIP" на метата се доставува преку авион бомбардер и е термобаричко оружје, што значи дека со помош на кислородот кој се наоѓа во окружението генерира интензивна експлозија со висока температура.


"Кога зборуваме за ефикасноста и разорниот потенцијал, ова оружје може да се спореди со нуклеарно", рекол Александар Рукшин при претставувањето.

No comments

Powered by Blogger.