Велосипедист се врати дома по седум години возење околу светот

Англискиот авантурист Леј Тимс се појави дома по седум години патување околу светот на велосипед.



Неговиот првичен план бил да патува две години, но на крај помина седум години далеку од дома. Неговото патување емотивно заврши вчера кога стигна пред семејната куќа во Дерби, Англлија, каде го пречека мајка му.

Триесет и петгодишниот Тимс последен пат ја видел мајка му во 2014 година кога таа го посетила во Тајван.

„Бев нервозна додека го чекав. Ова беше неверојатно искуство за него, ќе му треба време да се навикне на тоа да биде дома. Многу сум среќна што се врати“, рече мајка му Ким Кимберли.



Тимс на неговото патување собрал околу 128.000 долари за огранизацијата Derbyshire Childrens's Holiday Centre што праќаа деца на патувања што тие не можат да си ги дозволат.

Во нееговото патување помина шест континенти и над 70.000 километри. Просеќниот дневен буџет му изнесувал шест долари.

No comments

Powered by Blogger.