НАТО во пеколен проблем: Путин на Ердоган му продава моќен ѕвер со кој до вчера сакал да го уништи

НАТО членката Турција е блиску до комплетирање на договор со Русија околу купување на моќниот ПВО систем "S-400 Триумф", а конечниот договор би можел да биде направен на 3. мај.

Турскиот министер за одбрана, Фикри Ишик, соопштил дека на тој датум Ердоган и Путин ќе се состанат во Сочи, и дека купувањето на "S-400" ќе биде главна тема на разговорите.

"По состанокот би требало да дојде до следните чекори за купување на рускиот ракетен систем. Договорот е во финален стадиум, а тоа уште не значи дека ќе го потпишеме утре. Но, очигледно е дека таков систем на Турција и е неопходен", рекол Ишик.

Турција за рускиот систем се одлучила бидејќи НАТО наводно не им понудил "финансиски поефикасна алтернатива", објавила руската агенција TASS.



Веста за купувањето на моќниот систем доаѓа во време на најголемите тензии помеѓу Турција и НАТО во историјата, како и лошите односи на Москва и Вашингтон.

Во Брисел сигурно нема мирно да гледаат на ваквиот потег на Ердоган, кој ако биде спроведен на дело, сигурно нема да мине без санкции.

"S-400 Триумф" се смета за еден од најнапредните ПВО системи на светот, кој има можност за рушење на непријателски авиони и балистички проектили. Во состав на руските воени сили се наоѓа од 2007. година, а можностите за делување варираат од далекудострелни, па до гаѓање на мети на кратко растојание, зависно од проектилот.



Интересно е да се потсети дека Русите во својата сириска база во Латакија распоредиле "S-400", за да внимаваат токму на турските авиони.

Имено, тој потег бил мотивиран од инцидентот од декември 2015. година, кога турските ловци "F-16" собориле руски "Sukhoi 24-M" над границата со Сирија, по што односите на двете земји паднале на најниско ниво. Сепак, работата била смирена откако по неколку месеци Ердоган му се извинил на Путин, по што двете земји станале едни од најблиските сојузници.
Со оглед на тоа дека "S-400" е вистински ѕвер, таква и му е цената, па за една оперативна единица со 112 проектили и придружни возила, треба да се издвојат 400 милиони евра, наведува National Interest. Сигурен купувач засега е само Кина, иако за "S-400" е заинтересирана и Индија, но и други земји.

Сепак, треба да се истакне дека малку која држава е доволно богата и политички подобна да може да го купи чедото на руската индустрија, истакнува National Interest.



Русија пронашла купец и за Su-35?

Покрај тоа што на Ердоган ќе му го продаде "S-400", Русија преговара со ОАЕ за продажба на моментално најнапредниот оперативен авион во составот на руските воздухопловни сили, борбениот авион од 4++ генерацијата, "Su-35".

Веста минатата седмица прв ја објавил рускиот министер за индустрија и трговија, Денис Мантуров, кој рекол дека Емиратите се заинтересирани за "десетина авиони".



"Su-35" всушност е најнапредна верзија на популарниот "Su-27 Flanker"; а станува збор за едносед со два мотори кој се истакнува со можеби најдобрите маневарски способности на светот.

Руските воздухопловни сили моментално во составот имаат 58 "Su-35S" авиони, а им пристигнуваат уште дополнителни 50. Единствен странски купец засега е Кина, која нарачала 24 "Su-35S", од кои првите пристигнале во декември минатата година.

No comments

Powered by Blogger.