Американско решение: Војната ќе заврши кога Русија, САД и Турција ќе добијат по парче од Сирија

Пишува: Toчка

Од почетокот на војната во Сирија во 2011. година, загинале 400.000 луѓе, околу 12 милиони Сиријци побегнале, а на судирите им нема крај. Експертите од американската Корпорација "Ранд", блиски до американското министерство за одбрана, веруваат дека нашле решение, пренесува швајцарски "Blick".

Тие предложуваат Сирија да се подели на контролни зони, на сличен начин како што СССР, САД, Велика Британија и Франција по Втората светска војна ја поделиле Германија.



Корпорацијата "Rand" предложува Сирија да се децентрализира и подели на следните контролни зони:

- Подрачјето од западниот брег до Деир ез-Зор, без Рака, ќе го контролираат владата во Дамаск и Русија.

- Подрачјето кое Турција во 2016. година го ослободила во рамките на операцијата "Штит Еуфрат" и провинцијата Идлиб би потпаднале под контрола на Турција.

- Јужното подрачје во Даари - на границата со Изреал - би го контролирала опозицијата, која "Ранд" не ја дефинира детално.

- Голем дел од северна Сирија би контролирале Сириските демократски сили, кои ги сочинува курдската милиција, со кои раководи САД.

- Нафтените подрачја Рака и Деир ез-Зор би биле ставени под меѓународна управа.



Поделба на Сирија според Корпорација "Ранд"

Розово: Сириската влада и Русија

Жолто: Области под контрола на Турција

Портокалово: Опозиција

Сино: Курдите и САД

Зелено: Подрачја на ИСИС под контрола на меѓународна коалиција



Страв од нов бран бегалци

Германската Сојузна академија за безбедносна политика ги анализирала можните последици од поделбата. Во работниот документ предупредува дека хомогена поделба на сириското население не е можна и дека истата би предизвикала нов бран на бегалци.

Можни последици се и нови политички проблеми, како и поттикнување на нови тежнеења кон сецесија. Курдите, Ирак, Либан, Јемен, Либија, како и регионот во Персискиот залив во кој доминираат шиити, би се нашле во искушенија територијално да ги решаваат политичките проблеми. Поделбата не може да донесе долгорочна стабилизација, смета академијата.



Поделбата во полн ек

Некои набљудувачи, меѓутоа, оценуваат дека поделбата на Сирија е веќе во полн ек. Руската Независмаја газета наведува дека до 20 американски тенкови веќе се преместени од Јордан во Сирија за да ги извлечат прозападно ориентираните опозициски групи од обрачот на исламистички борци.

"На југот на Сирија очигледно во тек е операција за создавање на тампон-зона, која ќе биде ставена под контрола на Јордан - исто како што тампон-зоната на северот на земјата без најава е доделена на Турција", го цитира московскиот весник рускиот воен експерт Анатолиј Несмијан.

No comments

Powered by Blogger.