На Мељниченко повеќе не е број еден: Запознајте ја Дилбар, најголемата јахта на светот

Пишува: Toчка

На Азурниот брег моментално крстари луксузната јахта "Дилбар" и набљудувачите ги остава без здив. Ова пловило се смета за најголемо на светот и помоќно од тоа кое го имаат богаташите Сандра и Андреј Мељниченко. И оваа супер јахта припаѓа на руски милијардер, а станува збор за Алишер Усманов, еден од сопствениците на клубот Арсенал.

"Дилбар" со своите 159.99 метри должина е меѓу петте најдолги јахти, но има најголема внатрешност и тешка е речиси 16.000 тони, па според капацитетот е светски рекордер. Покрај таквата масивност лесно се снаоѓа на море и со право го носи прекарот "Морско чудовиште".



Нема многу податоци за изградбата на јахтата, но тоа што е очигледно, е дека поседува два хелиодроми со паркирани хеликоптери секогаш на услуга на гостите.



Ексклузивниот ентериер се простира на 4.100 метри квадратни, па сите гости на Усманов, чие богатство според "Forbes" се проценува на 13,4 милијарди долари, можат да уживаат во апсолутна приватност.



Јахтата го соборува рекордот и според димензиите на базен на едно пловило, со 180 метри кубни, а располага и со најмоќен дизел мотор со сила од 30.000KW. На неа има кино сала, лифт и џакузи.



Центата официјално не е објавена, но се верува дека третиот најбогат Русин го чинела 250 милиони долари. Јахтата името "Дилбар" го добила по мајката на милијардерот, со потекло од Узбекистан.

No comments

Powered by Blogger.