И за Трамп било тотално изненадување кога открил дека со оваа државничка има неверојатна хемија

Пишува: Точка

Доналд Трамп во интервју за "AP" признал дека од сите светски лидери најдобра хемија чувствува во разговорот со германската канцеларка Ангела Меркел. Според неговите зборови, тој не очекувал да биде така.

"Ангела Меркел и јас имаме различни ставови во поглед на уплатите на средствата за НАТО и во прашањата за миграцијата. Меѓутоа, имавме неверојатна хемија. Луѓето ми признаваат дека имам добра хемија со други светски лидери, вклучувајќи го и претседателот на Египет, Абдел Фатах Ел Сиси", рекол Трамп.



Инаку, Меркел била гостин во Белата куќа пред еден месец, а првата посета на германската канцеларка на новиот американски претседател ја одбележал мал гаф.



Трамп и германската канцеларка излегле пред новинарите откако завршиле со разговорот во четири очи во Овалната соба, а шефот на Белата куќа одбил да и подаде рака на Меркел пред новинарите. Трамп претходно убаво ја дочекал канцеларката пред Белата куќа, кога се ракувале.

Американскиот претседател уште еднаш нагласил дка за време на фотографирањето не го слушнал предлогот на канцеларката за ракување.

No comments

Powered by Blogger.