Трамп откри детали од ракетниот напад и го шокираше светот: Додека јадев десерт, наредив бомбардирање на Сирија

Пишува: Toчка

Американскиот претседател откри дека дал наредба за ракетен напад на Сирија минатиот четврток, додека со кинескиот претседател Си Џинпинг јадел десерт.

„Ја завршивме вечерата. Потоа преминавме на десертот. Го пробавме најубавото парче чоколаден колач кој што некогаш сте го виделе. И претседателот Си баш уживаше во тоа“, изјави Доналд Трамп.

Во тој момент, како што откри Доналд Трамп, добил порака од генералот дека американските воени бродови се подготвени за лансирање на ракетите. „И што да правите?“, запрашал тој.

„Тогаш донесовме одлука тоа да биде сторено и ракетите полетаа“, изјави Трамп и порача дека веднаш го известил и кинескиот претседател за тоа.

„А, потоа реков - господине претседателе, дозволете ми нешто да ви објаснам. Сето тоа се случуваше додека јадевме десерт, штотуку лансиравме 59 ракети на Ирак“, раскажал Доналд Трамп за американските медиуми.



На тоа, новинарката на "FOX", Марија Бартиромо го исправи американскиот претседател, прашувајќи го дали мислел на Сирија, а не на Ирак, на што Доналд Трамп одговори - „Да, на Сирија“.

Како што открива Трамп, кинескиот претседател „застанал десетина секунди и потоа го замолил преведувачот повторно да му преведе“.

„Мислев дека тоа не е добар знак“, порача Доналд Трамп за американските медиуми, а потоа откри дека кинескиот претседател, му рекол дека „доколку некој е толку брутален и користи гас против деца и бебиња, тогаш тоа е во ред“.

„Се согласи со тоа. Тоа беше во ред за него“, порача Трамп.

No comments

Powered by Blogger.