Грешки кои им го скратуваат животниот век на вашите омилени гаџети


Ова се некои од грешките кои несвесно ги правите без да знаете дека е погрешно - ќе се изненадите..

Овие грешки ги правиме сите при користењето на мобилните телефони, другите електронски уред и гаџети, несвесни колку им штетиме.

- Го оставате мобилниот телефон / таблет целосно да се испразни

Ова не е добро бидејќи е докажано дека новите батерии го немаат истиот ефект како батериите од порано и дека најдобро е да ги полните кога ќе паднат на 10% - 20% од капацитетот на батеријата, па се до врв, но не до 100%. Доколку се придржувате до овие правила батеријата ќе ви трае долго, а со тоа и "животот" на вашиот гаџет.



- Не го вадите полначот од струја

Не го оставајте полначот во штекер од безбедносни причини и константно трошење струја. Тоа е мала количина на струја, но помножена со милионите полначи кои "секојдневно ви вртат во празно" бројката и не е така мала, нели?

- Употребувате "фејк" полначи

Доколу оригиналниот полнач ви се расипе - купете си нов, но оригинален! Со полначот кој ќе го купите за 400 денари (или и поевтино) во сомнителна продавница, не само што се изложувате и вие самите на ризик од безбедност (ненадејно експлодирање) туку може да ја оштети батеријата на уредот па и самиот уред.

- Вашиот лап-топ е постојано на полнач

Нема потреба од ова - најдобро е да чекате да ви падне батеријата на 10% па да го приклучите на полнач додека не се наполни па да го исклучите од струја - исто како со мобилниот телефон. Ако константно ви е приклучен во струја ќе го намалите животниот век на неговата батерија, докажано!



- Го држите лап-топот во скут

Не, не и не! Отворите на лап-топот мораат да "дишат", односно да го исфрлаат топлиот воздух од внатрешноста. Доколку не сакате да ви се прегрее? Најлошо сценарио е да го ставите лап-топот на перница, на ќебе... Не! Морате да си купите држач за лап-топ или да користите нешто рамно и цврсто со доволно простор помеѓу подлогата и компјутерот за да може да циркулира воздух.

- Го вртите екранот на мобилниот телефон кон сонце

Ова не е добро ниту за екранот ниту за батеријата. Прегревањето, особено на висока температура покрај вода, е една од најчестите причини за расипување на мобилните. Никогаш не го оставајте телефонот директно под сончева светлина.

- Ги носите вашите уреди и во тоалет со вас

Слушање музика во тоалет од вашиот мобилен телефон можеби нема да го оштети уредот од првиот пат, но доколку го практикувате ова често најверојатно ќе предизвикате некој проблем, бидејќи водената пареа навлегува внатре во телефонот и со кондензација може да ги оштети внатрешните делови трајно (или привремено).

- Го приклучувате полначот како ви дојде

Апсолутно погрешно! Прво ќе го приклучите полначот во штекер, а потоа на уредот.



- Го бришете екранот на телефонот, мониторот, телевизорот со што стигнете

Никако! Детергентите за бришење прозорци на пример, содржат хемикалии кои можат да ги уништат осетливите екрани на вашите уреди, па дури и куќиштето или принтерот. Доволно е со влажна крпа да го поминете уредот, а потоа со сува. Никогаш не прскајте вода или билокаква течност директно врз уредот. За бришење употребувајте материјал наменет за бришење на ИТ опрема.

No comments

Powered by Blogger.