Најскапата куќа на Златниот Брег


Како го замислувате најскапиот дом во Сан Франциско? Ни одблизу не изгледа како луксузниот филмски дом на Кристијан Греј од филмот „50 нијанси потемно“ но сепак, присутен е луксузот кој чини неверојатни 40 милиони долари.

Иако оваа куќа во Сан Франциско најпрвин изнесувала „само“ 7,8 милиони долари, во 2009. година, по обемното реновирање, цената неверојатно пораснала.



Овој прекрасен ултралуксузен дом се наоѓа во најпрестижната област наречена Златен Брег.

Куќата има седум спални соби, осум бањи, три камини и фантастична тераса со прекрасен поглед кон заливот.





Овој гламурозен дом поседува супер опремена кујна со уште две помали кујни, фитнес центар, соба за масажа, мини спа, дури две продавници за вино, како и лифт преку кој можете да одите на покривот, каде што има друга тераса со друга кујна за да уживате со најблиските на отворено.







Навистина, погледот кон Голден Гејт мостот и кон островот Белведер, вреди за „секоја пара“ што потенцијален купувач би ја платил за овој иден дом. Оваа куќа навистина е последниот збор на најновата технологија - модерна, опремена и идеална за уживање.



No comments

Powered by Blogger.