Осумгодишно братче им ја украло колата на родителите, па ја одвозило малата сестра до Мекдоналдс на чизбургер

Поради неконтролирана желба за чизбургер од Мекдоналдс, осумгодишно дете од Охајо седнало во автомобилот на својот татко, ја седнало на совозачко седиште сестра му и се упатил кон омилениот синџир за брза храна.

Според локалните медиуми, а и Daily Times, малото момче наводно "научило" да го управува возилото гледајќи видео на Јутјуб.

Неделно попладне - тато заспал на горниот спрат од куќата, а мама потонала во длабок сон на каучот во дневна додека си играла со децата.

Камерите снимиле дека младиот шофер бил многу подисциплиниран од постарите, поискусни колеги, правилно запирал на сите семафори, безбедно ја поминал раскрсницата и железничката пруга по пат накај својот омилен ресторан за брза храна - Мекдоналдс.



Кога осумгодишното братче и помалата сестричка пристигнале на "drive-thru" делот во Мекдоналдс, вработените ги гледале зачудени..

Истовремено, полицијата од источниот дел на Охајо примила повици од загрижените локални жители кои забележале мало момче зад воланот. Кога малите бегалци ги пресретнал локалниот чполицаец тие започнале да плачат и да му објаснуваат дека премногу сакале да јадат чизбургер, но не можеле да ги разбудат мајка им и татко им.

Полицаецот не ги казнил дечињата, па тие успеале да стигнат до чизбургерот по кој толку авантуристички се впуштиле.

No comments

Powered by Blogger.