Вака тоа го замислува Ким: Ракетата го прелетува океанот и паѓа на американски град, а во следниот кадар...

Пишува: Toчка

Северна Кореја покажала видео-симулација од ракетен напад на САД, јавува новинската агенција "Jonhap".

На филмот кој е прикажан на прославата во чест на 105-годишнината од раѓањето на Ким Ил Сунг, дедото на сегашниот лидер на земјата, демонстрирана е нова балистичка ракета и нејзино лансирање. Таа го прелетува океанот и изведува напад на американски град. На следниот кадар е прикажано како на гробишта гори американското знаме.

На парадата која му претходела на емитувањето, претставена е нова интерконтинентална балистичка ракета.


Исто така на празничниот концерт се слушнале песни со кои се поддржува лансирањето и се возвушува единицата "Теподонг", која е задолжена за ракетни лансирања. Конкретно, во песните се зборува дека "ракетата" е како гром и подготвена е да го предизвика империјализмот.

Парадата и прикажувањето на филмот се одржани во услови на невидена ескалација на тензиите на Корејскиот полуостров.

Експертите се согласуваат дека Северна Кореја би можела до 25. април, кога се обележува годишнината од основањето на Корејската народна армија, да изведе шеста нуклеарна проба. САД соопштиле дека се подготвени да делуваат на Северна Кореја со сите расположливи средства, како и да "воспостават мир со сила". Северна Кореја ветува дека ќе одговори со нуклеарен напад.

No comments

Powered by Blogger.