Од девојка од скромно семејство до „прва дама на пеколот“: Ова е сопругата на Башар Ал Асад

Пишува: Точка

Во Лондон ја знаеле како Ема, а потоа го запознала Башар Ал Асад и сè се променило.

Асма Ал Асад (41) која инаку ја нарекуваат „Пустинска ружа“, а некои и „Прва дама на пеколот“, е првата дама на Сирија и го привлекува вниманието каде и да се појави.

Сопругата на Башар Ал Асад е дел од имиџот кој го пропагира претседателот на Сирија, таа е сигурна во себе и многу горда на она што е. За разлика од својот сопруг, Асма не пораснала во палатата на брутален диктатор, туку во чесна куќа во лондонски Актон со родителите кардиолози. Таа го посетувала училиштето Church of England", каде што пријателите ја знаеле како Ема, пишува „The Courier Mail”.



Асма студирала француски јазик, а потоа кратко работела за инвестициска банка во Њујорк. Асад го запознала додека бил на специјализација по офтамологија во Лондон, а потоа повторно се сретнале во 2000 година и во тајност се венчале една година подоцна.

Свадбата се случила само неколку дена откако Асад станал претседател по смртта на неговиот татко, а таа тогаш имала 25 години. Во тие први години, после диктатурата на таткото од Асад, постоела голема надеж дека младиот лекар, образован на Запад и неговата сопруга која е родена во Англија, ќе го отворат патот кон слободата. Луѓето навистина биле убедени дека пристигнала „сириската пролет“ и чувствувале дека новиот претседател е поотворен и поблизок до народот.



Кога Асма во 2010 година го дала своето славно интервју за американски „Vogue”, кој ја прогласил за едно од најсвежите лица меѓу светските први дами, се виделе многу „пукнатини“ во бајката која во јавноста ја претставувале скапо платените ПР експерти на Асад.

Инаку, Ана Винтур подоцна го отстранила тоа интервју од интернет страницата на „Vogue”. Некое време луѓето се прашувале дали Асма воопшто знае што сè прави нејзиниот сопруг, а сопругите на некои премиери и претседатели дури јавно, преку видео пораки апелирале до неа отворено да покаже спротиставување против сè што се случува во Сирија, пишува „The Guardian”.



Дека го поддржува својот сопруг во сите негови одлуки сведочи и еден мејл кој Асма му го упатила на Асад:

„Заедно ќе бидеме посилни и заедно можеме сè да пребродиме. Те сакам!“

Асма и Асад имаат три деца. Асма секое утро ги води во училиште, а најстариот син Хафез (14) е веќе виден како повремено се појавува на разни настани за млади со неговата мајка, па на големо се зборува дека се подготвува да го наследи татко му.



И покрај сè, Асма и Башар и понатаму се обидуваат да го задржат имиџот на моќен пар и имаат заеднички Инстаграм профил каде што често објавуваат свои семејни фотографии.

No comments

Powered by Blogger.