Скарлет Јохансон со коментар по изјавата на Иванка Трамп: "Разочарана сум, целата ситуација ме збунува"

Пишува: Точка

Како што ни откри Јохансон во интервју на самитот во Њујорк "Жените во светот", таа не е импресионирана со перформансите на Иванка во администрацијата на нејзиниот татко досега.

"Всушност имам размислувано за Иванка Трамо многу неодамна. Сигурна сум дека го видовте нејзиното интервју со Гејл Кинг, тоа навистина ме збуни, морам да признаам. Не можеш да го добиеш и на двата начини, нели? Мислам, ако се нафатиш да работиш како човек кој јавно се залага, тогаш мораш јавно да се залагаш.."

"И вчера таа кажа нешто што според мене е особено разочарувачки. Мислам на тоа дека таа кажа дека најголемите промени ќе ги направи зад затворени врати и всушност никој нема да знае дека таа направила некоја промена.. си помислив, ок, ова е навистина многу старомоден концепт, оваа идеја дека зад секој успешен човек стои успешна жена. Што ако пробаш да застанеш пред тој човек? Или веднаш до него? Многу е старомодно дека за да бидеш успешна жена треба да глумиш дека не не си свесна за тоа, да се криеш зад грбот на маж, ова е навистина многу кукавички", изјави Скарлет.



"Мислам дека како ќерка, како некој кој се восхитува на својот татко, ова е уникатна и чудна работа. Но таа ја има можноста да влијае врз светот, со самото тоа што ќе зборува. Јас се имам запознаено со неа неколку пати порано, и двете израснавме во Њујорк и имаме многу заеднички пријатели, таа е одличен говорник, паметна и интелигентна жена, така што целава ситуација многу ме збунува."

Иванка изјавила и дека таа, заедно со нејзиниот сопруг Џеред Кушнер, кој е советник во Белата куќа, се "соучесници" во политиката на Трамп.

"Ако да се биде соучесник е да се биде сила на страната на доброто и да се остават позитивни последици, тогаш соучесник сум", изјавила Иванка. "Не знам дали критичарите, кои доколку се најдат во оваа многу уникатна ситуација во која што сум јас сега, би направиле поинаку од она што го правам. Не знам..", додала Иванка Трамп.



"Не знам што точно подразбира да се биде соучесник, но се надевам дека времето ќе покаже дека направив добра работа, и што е поважно, дека администрацијата на татко ми е успехот кој знам дека ќе биде", заклучи Иванка Трамп.

No comments

Powered by Blogger.