Се продава пентхаус апартманот на убавата ќерка на Путин - ќе ве изненади каде живеела

Пишува: Точка

Пентхаусот во кој живеела Марија Путин, најстарата ќерка на Владимир Путин, се продава за 2.850.000 долари, пишува Newsweek.

35-годишната ќерка на Путин со својот партнер неколку години живела во Voorschoten, западна Холандија, а јавноста оваа информација ја дозна во 2013-та година кога холандскиот весник De Telegraaf објавил дека соседите ја гледале во локалните продавнички.

Пентхаусот на два ката, во кој живееле, е составен од 12 соби, од кои 6 се спални соби и се наоѓа на 8-миот кат. Има 700 метри квадратни и тераса на покривот од уште 150 метри квадратни.

Марија наводно ја напуштила Холандија во 2014-та година по авионската несреќа во источна Украина, која се препишува на руските сепаратисти. Путин никогаш не бил задоволен со фактот дека ќерка му ја напушта Русија, а неговите стравови се зголемиле кога бил откриен престојот на убавата русокоса.

"Холандските медиуми не само што ја загрозуваат безбедноста на своите граѓани, туку загрозија и член на семејството на лидерот на пријателска земја", изјави министерот за надворешни работа на Русија во 2013-та година, на една руска радио станица.
Уште во 2011-та година, Холандските медиуми ја откриле поврзаноста помеѓу најстарата ќерка на Путин со сопственикот на пентхаусот кој денес се продава, холандскиот бизнисмен Jorrit Faassen, со кој наводно таа денес е во брак.

Faassen го привлече вниманието на јавноста кога беше нападнат во 2010-та година во Москва, кадешто бил заменик-претседател на една руска консултантска фирма, а го претепале телохранителите на рускиот банкар Matvey Urin, по што тој и соработниците завршиле во затвор, а набрзо ја изгубил и лиценцата за пет од своите банки. Таквата брза и ригорозна казна за рускиот банкар го повлече прашањето за тоа кој е Faassen што е толку влијателен и значаен.



"Ако малку размислите за тоа како холандски државјанин може да биде толку влијателна и важна личност, само еден логичен одговор доаѓа на ум - тој е зет на некој многу моќен човек", изјавила новинарката Yulia Latynina, во декември 2010-та година на радио станицата Echo Moskvy, на што нејзината колешка Olga Romanova, додала дека веќе долго време кружат гласини дека тој е зетот на Владимир Путин.

Каде се наоѓаат денес најстарата ќерка на Путин и нејзиниот партнер не е познато, но минатата година New Times објави дека тие се вратени во Русија и дека живеат во Москва. Фотографиите од нивниот поранешен холадски пентхаус можете да ги видите овде.

No comments

Powered by Blogger.