Џони Деп ги изненади обожавателите во Дизниленд (Видео)

Најсреќното место на светот, забавниот парк Дизниленд во Калифорнија, синоќа стана уште посреќно кога актерот Џон Деп ги изненади гостите појавувајќи се во костимот на капетан Џек Спероу, ѕвездата на филмовите Pirates of the Caribbean.



Деп се појави во тематскиот дел од паркот посветен на франшизата, облечен како Џек Спероу, на огромно изненадување на посетителите кои веднаш го споделија неверојатното доживување на социјалните мрежи.
Актерот ниту за момент не излезе од улогата на духовитиот и несмасен капетан, што дополнително ги одушеви обожавателите.



Johnny Depp Is filming on the pirates ride in Disney land!!!! Crazy!!!!!!
Изненадувањето всушност беше дел од промотивната кампања за новиот филм од франшизата Pirates of the Caribbean: Dead Men Tell No Tales што ќе има премиера викендов.

No comments

Powered by Blogger.