Америка се подготвува за нуклеарна војна: САД интензивно тестираат атомско оружје, подготвени авионите за удар

Пишува: Точка

Додека светското внимание било на првата борбена употреба на конвенционалната "Мајка на сите бомби", американската администрација за Национална нуклеарна безбедност, објавила дека извршила успешен тест на модернизирани гравитациски нуклеарни бомби во Невада.

Во тек се интензивни тестирања за лансирање на нуклеарно оружје од авион "F-16", што претходно не било случај.

"ННСА и воздухопловните сили на САД го завршиле првиот квалификациски лет од "B61-12" од гравитациската нуклеарна бомба на 14. март во областа Тонопа во Невада", соопштила агенцијата.
Тестот требало да покаже "ненуклеарна функција" и способност на авионот "F-16" успешно да лансира бомба, соопштиле од ННСА.
"Успешниот тест даде потребни податоци за квалификација и проверка дали основниот дизајн ги исполнува воените потреби", рекол бригадниот генерал Мајкл Лутон од ННСА.




"B61-12" е модернизирана верзија на "B61" гравитациска бомба, и дел од нуклеарната тријада, која сочинува и интерконтинентални балистички ракети распоредени по земјата, како и океански подморници.

Претседателот Доналд Трамп усвоил амбициозен и скап план за модернизација на нуклеарното тројство на САД, започната од неговиот претходник. "B61-12" има за цел да ги замени сите "B61" варијанти кои се моментално во употреба.

Три успешни лета на "B61-12" биле извршени во 2015. година. Мартовскиот тест е прв во низата.

No comments

Powered by Blogger.