Експлозијата се слушнала до Русија: Американците во Авганистан ја фрлиле најмоќната бомба досега

Пишува: Точка

Американските воени сили во текот на вчерашниот ден во Авганистан ја фрлиле најголемата ненуклеарна бомба досега.

Според податоците кои што ги соопштија од армијата на Соединетите Американски Држави, бомбата наречена "GBU-43/B" која што е наречена „мајка на сите бомби“, во текот на вчерашниот ден за прв пат била искористена во некоја воена операција на американските сили.

Нападот бил извршен во 19:00 часот по локално време, а мета на нападот била пештера во провинцијата Нангарар на истокот на Авганистан која што ја користеле екстремистите на Исламската држава. После експлозијата, разурнато било се во радиус од 300 метри.

Американските воздушни сили ги нападнале припадниците на Исламската држава кои што се криеле во пештерите и подземните тунели. Како што пренесуваат западните медиуми, експлозијата се слушнала дури и во Русија.

Бомбата е тешка 9,5 тони, а има експлозивна сила од 0,011 килотони. Само за споредба, бомбата фрлена на Хирошима имала експлозивна сила од 15 килотони, што секако е далеку поголема разорна моќ. Произведена била во 2003-та година, а за прв пат се употребува дури сега, откако припадник на американските специјални сили бил убиен во близина на пештерите. Произведени се вкупно 20 вакви бомби, а секоја од нив чини 16 милиони долари.

Бомбата "GBU-43/B" е дизајнирана да разнесува големи подземни објекти, а истата е фрлена од авион од типот "MC-130".

Командантот на воените сили на САД во Авганистан, генерал Џон Николсон, го одобри користењето на бомбата и порача: „Ова е вистинскиот вид на муниција за да ги отстраниме пречките и да ја продолжиме борбата против Исламската држава“.

No comments

Powered by Blogger.