Девојче сред ноќ се разбудило од болка во раката, нејзиниот татко се шокирал кога видел што има на неа

Пишува: Tочка

Прилично застрашувачка ситуација се случила во Квинсленд во Австралија, односно на островчето Моретон, на кое ова семејство заминало на кампување.

Во текот на ноќта, додека спиела во својот шатор, деветгодишното девојче Габи Петигру се разбудило од силна болка во раката. Кога ги отворила очите здогледала огромна змија како се обвива околу нејзината рака и ја стега. Успеала само да викне "помош", на што татко и' веднаш реагирал и успеал да ја спаси.

"Се сеќавам само дека се разбудив и се шокирав кога ја видов змијата обвиена околу мојата рака. Силно ми ја стегаше и беше ужасно тешка, но не ме болеше толку се додека не ме касна", раскажува Габи.

"Колку посилно се обидувавме да ја тргнеме, таа толку посилно гризаше. Не знаев што да направам па ја земав за вилицата и почнав да ја ширам", се присеќава таткото кого змијата исто така го искасала во оваа борба. Бидејќи питоните не се отровни, поминале "само" со полесни повреди.

No comments

Powered by Blogger.