Ни дрога, ни проституција, ова е новиот мафијашки бизнис: Нудат нешто на кое сите имаме право

Пишува: Точка

Песокот е барана роба. Во некои делови на светот луѓето вложуваат сериозни напори за да стигнат до него.

"Песок мафијата" во Индија се користи за заплашување, со цел да можат во мир да извлекуваат и да шверцуваат песок.Во Мароко и на Карибите, крадците на песок буквално уништуваат цели плажи. Модерните градови се изградени од песок и честопати на песок.

Голем дел оди на мешање на бетон и асфалт. Најмногу песок се троши во Азија, па така Кина е одговорна за 50% од светската побарувачка, пренесува Економист. Песокот се употребува за производство на стакло, електроника и при вадење нафта. Огромни количини на песок се фрлаат во морето за да се прошири територијата.
Сингапур, на пример, на овој начин ја прошири копнената површина за 20% од шеесеттите години на минатиот век. На Малдивите и Кирибати, песокот се користи со цел да се спасат островите од зголемувањето на нивото на морето.

Нивото на морето ќе продолжи да расте, а ќе расте и побарувачката за песок. Иако се чини дека има песок во изобилство, на светот сериозно му се заканува недостаток на песок. Пустинскиот песок е премногу мек и не може да се користи за комерцијални цели. Близината на песокот до местото каде нешто се гради исто така има релативно важна улога.
Со оглед на тоа дека песокот е прилично евтин, тој често е неисплатлива роба за превозниците. Сингапур и Катар се најголеми увозници по глава на жител, а од Австралија на пример, се извезуваше во Дубаи за изградбата на Бурџ Калифа.

Повеќето земји регулираат колку и од каде може да се извади песок, но високата побарувачка создаде нелегално шверцување во многу земји кои брзо се развиваат. Резултатот е тоа што на местата кадешто се вади песок, тоа се прави побрзо отколку што тој природно се регенерира, што може да има сериозни последици за животната средина.

No comments

Powered by Blogger.