Погодете кое место се Русите, а кое Американците на листата на најдобри специјалци

Пишува: Точка

Американскиот весник "Business Insider" составил рејтинг листа на најопасните и најобучените специјални единици на светот, на која руската единица "Alfa" го заземала шестото место, додека американските "Фоки" се нашле на прво.

Весникот пишува дека бил составен рејтинг на елитни единици кои се најдобри меѓу оние со кои може да се пофали една држава, единици кои се праќаат "таму каде што другите се немоќни". Весникот додава дека е многу тешко да се утврди која единица е најдобра, пренесува Руска Реч.

На осмо место се нашла групата за специјални намени од Пакистан, "Црни штркови". Во октомври 2009. година овој одред заземал град во кој Талибаните држеле 40 заложници, пишува весникот.



Седмото место го заземал Одредот за специјални операции на воената морнарица на Шпанија. Тоа е еден од најсилните одреди на специјалци во Европа, при што зелената беретка во оваа единица не може да ја добие било кој. Често се случува на тестирањата ниеден од кандидатите да не биде примен.

Шестото место го заземаат руските "Алфи". Весникот пишува за тоа дека оваа антитерористичка единица ја основал КГБ уште во 1974. година, а дека сега функционира во состав на Федералната служба за безбедност.



На петто место е Групата за интервенции при Националната жандармерија на Франција, која се занимава со ослободување на заложници. Се наведува една од најнеобичните епизоди од историјата на единицата: во џамијата Ел Харам во Мека, каде е забранет влез за немуслимани, тројца припадници на единицата на кратко преминале во ислам, за да им помогнат на силите на Саудиска Арабија да ја освојат џамијата.

На четврто место е израелски "Сајерет Маткал", кој се занимава со собирање на разузнавачки податоци во длабока позадина на непријателот.


Третото место го зазема Специјалната авио-десантна служба - SAS, од Велика Британија, која го има мотото "Кој ризикува, добива". Оваа единица одиграла клучна улога во ирачката војна.


На второто место се нашла уште една единица од Велика Британија - Специјалната бродска служба, чии припадници при селекцијата минуваат низ исцрпувачки тренинзи во џунглите на Белизе, каде учат да преживеат во борбени услови. Кандидатите исто така минуваат и низ строги испрашувања.

Американскиот весник првото место им го доделил на "Фоките" од САД. Се наведува дека оваа единица зад себе има години интензивни тренинзи, а многу современи специјални единици се организирани токму по примерот на овој одред.



No comments

Powered by Blogger.