Ги предвидел Брегзит и Трамп, за француските избори вели: "Победата на Ле Пен е крај за Европската унија"

Пишува: Точка

Угледниот хрватски политички аналитичар Жарко Пуховски, за хрватски "Index" веќе со години е референтна точка за коментари од подрачјето како за домашни, така и надворешни политички случувања.

Но, посебно интересно како Пуховски за Index пред летото во 2016. година прогнозирал дека на меѓународната сцена ќе уследат два големи настани: Брегзит и победата на Доналд Трамп на претседателските избори во Америка.

Покрај тоа, Пуховски е меѓу ретките во Хрватска кои минатата година на Марин Ле Пен и давале шанси за победа на претседателските избори во Франција. Денес повеќето коментатори се согласуваат Ле Пен ќе влезе во вториот круг на изборите.

Првите две предвидувања се оствариле, а во недела само ќе се дознае дали Пуховски правилно ги препознал политичките трендови во Франција. Index по тој повод му се јавил на Пуховски, за да провери дали уште стои зад својата анализа од 2016. година, а според која предводничката на евроскептичниот Национален Фронт, Марин Ле Пен, има реална шанса да стане претседателка на Франција.

"Минатата година зборував дека може да дојде до победа на Ле Пен, и тоа додека другите сметаа дека тоа е невозможно. Сега ситуацијата е таква што Ле Пен има малку под 50 проценти шанси за победа, нешто поголема е шансата да не победи, тоа би било одлучувачки важно за преживувањето на ЕУ".



Европската унија нема шанси ако Ле Пен победи, бидејќи таа сака Франција порано или подоцна да ја напушти Унијата, а без Франција, ЕУ нема смисла. Тоа е многу јасно, ЕУ тогаш ќе стане "голема Германија" и ќе ја изгуби својата смила. Ако Ле Пен изгуби, тогаш прашањето за внатрешните односи за Франција е многу заострено, бидејќи е поделена. Тогаш не доаѓаат во предвид радикални промени, колку и некои луѓе да се незадоволни од ЕУ:.

Тој додава дека вториот круг е сигурен.

"Невозможно е да не се оди во втор круг, очигледно е дека ќе дојде до тоа, тешко дека некој ќе собере повеќе од 25 проценти во првиот круг. За Европа може да биде важна и можноста левата опција - Жан Лук Меленшон - да победи. Доколку тој победи, а потоа и социјал-демократите во Германија, тоа би можело да биде сигнал дека десната страна на ЕУ оди кон левата, што не е толку важно за ЕУ, но е важно за тие од внатре".

Најверојатно во вториот круг ќе влезат Меленшон и Ле Пен, двата најјасни екстреми ќе влезат во втор круг. Кога ќе дојде до заострени кампањи, центристите губат на популарност бидејќи се бараат радикални решенија, а тие по логика не поднесуваат радикални формулации и предлози.

"Треба да се земе во предвид и што ќе се случи ако не победи Меленшон, каква ќе биде кохабитацијата на претседателот на државата и владата" заклучува Пуховски за Index.

No comments

Powered by Blogger.