Мистериозната прва дама: Ова е атрактивната сопруга на Александар Вучиќ

Пишува; Toчка

Судејќи по првите резултати од претседателските избори, Александар Вучиќ е новиот претседател на Србија.

Актуелниот српски премиер ретко го покажува својот приватен живот во јавноста, но во последните неколку месеци многумина се интересираат и сакаат да видат која е и како изгледа неговата сопруга.

За Тамара Вучиќ не се знае многу, освен фактот дека се омажи за Александар Вучиќ во 2013-та година, а јавноста за прв пат ја заинтригирала со атрактивниот изглед кога минатата година се појавила на прославата за Денот на жената во Белата палата, каде што домаќинка и' била принцезата Катарина Караѓорѓевиќ.


Тамара на приемот се појавила во елегантна комбинација, а фотографиите од прославата за Денот на жената сите сакале да ги видат, само поради убавата бринета. Српските медиуми пишуваат дека Тамара дипломирала на факултет за политички науки и дека е вработена во Министерството за надворешни работи на Република Србија. 


На Александар Вучиќ ова му е втор брак. Од 1997-ма година до 2011-та година тој беше во брак со Ксенија Вучиќ со која има две деца, синот Даниел и ќерката Милица. 



No comments

Powered by Blogger.