Издадена потерница: Милијардер се заканува дека ќе ја уништи владата на една од најголемите светски сили


Интерпол издал црвена потерница по кинескиот милијардер Гуо Венгуи, кој се заканил дека ќе ја разоткрие корупцијата на кинеската владејачка Комунистичка партија.

Потерницата е издадена пред неговото интервју со американската станица "Гласот на Америка".

Гуо дал интервју за "Гласот на Америка" на кинески јазик, меѓутоа интервјуто било прекинато по 80 минути, иако било планирано да трае 3 часа.



Таквиот потег на "Гласот на Америка" предизвикал сомневање дека дошло до мешање на Кина, што станицата демантирала, пренесува AP.

Интервјуто било направено шест часа откако портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кина, Лу Канд, соопштил дека Интерпол издал црвена потерница за Гуо, под обвинение дека го подмитил поранешниот разузнавачки службеник Ма Џиан, кој бил сменет поради корупција.



Гуо е тајкун со недвижнини, а на врвот на својата кариера бил 73-тиот најбогат човек во Кина.

Тој исчезнал од јавната сцена во 2014. година, а се појавил последните месеци, тврдејќи дека поседува докази за елитна корупција, кои сака да ги обелодени поради доброто на Кина.



Оваа година направил и профил на Твитер, каде редовно ги критикувал владејачките органи на Кина.



No comments

Powered by Blogger.