НАСА сними мистериозна пукнатина на еден од најголемите светски глечери

Американската вселенска агенција објави дека е забележана мистериозна пукнатина на еден од најголемите глечери во Гренланд, односно дека постои страв истата да расте.



Научниците од НАСА за првпат фотографираа растечка пукнатина во глечерот Петерман. Пукнатината се наоѓа на средина на глечерот. Тоа што е проблем за научниците е што постојат и други пукнатини од претходно кои ако се спојат би дошло до кршење на ледот, а ледените плочи би можеле да отпловат во океанот.

Засега не се познати причините за појавата на пукнатината, која е забележана минатата година со помош на сателитски снимки.

No comments

Powered by Blogger.