Да ти застане паметот: Еве каде живеат светските лидери

Пишува: Точка

Веројатно знаете како изгледа резиденцијата во која престојуваат македонските претседатели, но и како изгледа Белата куќа во Вашингтон во која престојуваат американските претседатели.

Најмоќните светски политичари живеат во огромни зданија, како што и доликува на нивниот статус.

Погледнете во оваа галерија како изгледаат резиденциите на некои светски лидери.

Паласио да Алворада

Во ова здание во Бразил живееле сите бразилски претседателот од 1959. година. Пред резиденцијата се наоѓа огромен базен во модернистички стил.



Елисејска палата

Во близина на Елисејското поле во Париз се наоѓа оваа голема палата во која живеат француските претседатели уште од 1840. година. Изградена е во 1722. година, а нејзината внатрешност блеска од злато.



Царска палата

На сред Токио, окружена со дебели камени ѕидови, се наоѓа палатата во која живеат јапонските цареви.


Бела куќа

Резиденцијата на американските претседатели е веројатно најпрепознатлива во светот. Внатре се наоѓаат две трпезарии - една за средби со службеници, а една за семејството на претседателот.



Кремљ

Оваа тврдина во Москва е дом на руските претседатели. Изградена е во периодот од 14. до 17. век. Внатре во овој комплекс се наоѓа резиденцијата на Владимир Путин.



Претседателска палата во Ханој

Оваа палата е изградена во 1906. година за гувернерот на Индокина. Денес се користи во главно за службени состаноци. Окружена е со езеро, а дело е на француски архитект.



Бакингемска палата

Британските кралеви и кралици од 1837. година живеат во Бакингемската палата. Таа има 775 простории.


Улица Даунинг број 10

На оваа адреса живеат британските премиери.



Бела палата во Анкара

Турскиот претседател живее во Белата палата, чија изградба чинела 615 милиони долари и има повеќе од 1.100 простории.



Белви палата

Оваа неокласична палата на сред Берлин била изградена во 1785. година за принцот Август Фердинанд. Од 1994. година во неа живеат германските претседатели.



Палата Киринал

Ова е една од трите претседателски резиденции кои ги користат италијанските претседатели. Дваесет пати е поголема од Белата куќа, се наоѓа во Рим и била дом на бројни кралеви, папи и претседатели. Има повеќе од 1.200 простории.



Замокот Вадуц

На едно брдо во Лихтенштајн се наоѓа замок чии делови се изграден уште во 12. век. Тука живеат монарсите на оваа мала кнежевина.

No comments

Powered by Blogger.