Хорор пред камерите: Објавено е видео од моментот кога исламистот ја активира бомбата пред египетската црква

Пишува: Toчка

Во вчерашниот напад пред една црква во Александрија, според последните информации, загинале најмалку 16 лица, а 41 лице е повредено во експлозијата која ја изведе бомбаш самоубиец.

На видео снимката се гледа како бомбашот самоубиец се обидува да влезе во црквата, а кога поради безбедносни причини му беше забрането да влезе, тој го активираше елекот со експлозив.

Претходно се случи уште еден напад на црква во град на 90 километри од египетскиот Главен град Каиро, а нападната беше и полициска станица. Во тој напад најмалку 27 лица беа убиени, а над 78 ранети.

За двата напади кои што ја потресоа христијанската заедница во Египет одговорноста ја превзедоа џихадистите на Исламската држава.

No comments

Powered by Blogger.