"Отворија оган, па се извинуваа": Џихадистите од ИСИС најмногу се плашат од оваа војска!

Пишува: Точка

Поранешниот израелски министер за одбрана, Моше Јалон, изјавил дека терористите од ИСИС на сирискиот дел на Голанската висорамнина еднаш се извиниле за нападот на израелската единица.

"Имаше еден случај неодамна кога ИСИС отвори оган, па се извини", рекол Јалон, пренесуваат денес израелските медиуми.

Тоа очигледно било алузија на судирот кој се случил во близина на сириската граница минатиот ноември, кога израелските војници разменувале оган со сојузниците на ИСИС.



По кратката размена на оган, израелската војска ја нападнала терористичката организација од воздух и со тенковски оган, убивајќи четири лица, наведува Times of Israel



Израелците и поголемиот дел од западниот свет ги смета сојузниците на ИСИС на сирискиот дел на Голан, познати како Армија Калид ибн ал-Валид, за терористичка организација. Комуникацијата со нив е технички илегална на оснава на израелскиот закон, бидејќи претставува контакт со непријателски агент.



Изјавата на Јалон за извинувањето на ИСИС е дадена во рамките на поширока оцена на политиката на Израел во Сирија. Израел настојува да не се меша во граѓанската војна која беснее повеќе од шест години во соседната земја, како што тврди, но одговара на преливањето на судирите преку границата и повремено напаѓа од воздух конвои со оружје од Сирија, наменети за либански Хезболах.



Како ИСИС го изразила извинувањето не е јасно, бидејќи израелската војска одбила да ја коментира изјавата на Јалон.



Сириските службеници го обвиниле Израел дека директно им помага на ИСИС и другите бунтовнички организации, што таа земја одлучно демантира. Јалон бил министер од 2013. до 2016. година, кога дал оставка. Неговиот кабинет одбил да ги објасни деталите од тоа извинување, кое тој очигледно случајно го споменал.

No comments

Powered by Blogger.