ЕУ поради тероризам ја засилува контролата на своите граници! Еве што значат новите шенгенски правила за нас

Пишува: Точка

ЕУ поради тероризам ја засилува контролата на ЕУ поради Од петок, 7. април, на границите на ЕУ ќе се применуваат нови шенгенски правила за контрола на патниците, поради заштита на ЕУ од тероризам. Освен граѓаните на третите земји, и граѓаните на ЕУ ќе бидат детално проверувани на границите, што ќе предизвика дополнително чекање и метеж.

Имено, до засилената контрола доаѓа по усвоениот амандман на Законот за шенгенските граници, според кој земјите членки на шенгенскиот простор имаат обврска за воведување на засилен систем на проверка на своите гранични премини.

Во досегашната пракса, имено, било доволно службениците на граничната полиција да извршат основна контрола на патниците со едноставна проверка на патните документи на граѓаните на ЕУ.



Сепак, сега документите ќе се проверуваат во Шенгенскиот систем на информации - "SIS", база на податоци на Интерпол од украдени и изгубени патни документи, и државна база на податоци за украдени, злоупотребени, изгубени и оштетени патни документи.

Службениците на граничната полиција на Словенија, на пример, детално ќе ги проверуваат патните документи на сите лица со помош на специјални читачи, документ по документ, на секој граничен премин.



Оваа уредба за системска проверка не предвидува било какви исклучоци.

За да се избегнат евентуални непријатности, сите патници се советуваат да го проверат статусот на своите документи, посебно доколку во последните две години тие биле отуѓени, изгубени или оштетени, пренесуваат медиумите.



Ова е потребно за да се уверат дека податоците за документите се точно внесени во државните и останатите бази на податоци.

Треба да проверат и дали нивните патни документи се важечки, да ја проверат состојбата на граничните премини пред одењето на патување, да изберат гранични премини со помала фреквенција на сообраќај или да тргнат на патување во делови од денот кога метежот е обично помал.





Патниците се советуваат да избегнуваат патување за време на викендот, освен доколку е резервиран таков аранжман кој почнува и завршува во денови на викенд, и да бидат трпеливи и да ги следат упатствата на полициските службеници на граничните премиени и внатре во земјата.

Овие систематски проверки се воведени со цел да се спречат било какви закани за внатрешната безбедност и јавниот ред на државите членки на ЕУ.
Во ЕУ е забрането и да се носи месо, па и во сендвичи, и млечни производи, додека овошје, зеленчук, слатки, храна за бебиња и галеничиња се дозволени, но во ограничени количини. тероризам ја засилува контролата на своите граници! Еве што значат новите шенгенски правила за нассвоите граници! Еве што значат новите шенгенски правила за нас

No comments

Powered by Blogger.