Стресот понекогаш може да биде и корисен

Постојано слушате колку штетен е стресот, што да правиме, за да се избавиме од него и т.н.

Ќе се изненадите сепак да дознаете дека тој може да биде и корисен, се разбира во прецизни мали дози!

Научниците веруваат дека има “добар стрес”, кој е искрата што ни овозможува да го подобриме животот и здравјето.

Кои точно се позитивните ефекти од тензиите, видете тука:

Го подобрува функционирањето на мозокот

Ниското ниво на стрес помага во производството на мозочни хемикалии наречени невротрофини и ја зајакнува врската помеѓу невроните во мозокот. Ова резултира во зголемување на продуктивноста и концентрација.

Може да се подигне за кратко имунитетот

Кога вашето тело реагира на стрес, тогаш се подготвува за она што претстои. Начинот на кој го прави, е преку произведување на дополнителни интерлеукини – хемикалија која помага за регулирање на имунолошкиот систем, кој обезбедува најмалку еден привремен заштитен механизам.

Ве прави посилни

Справувањето со напнати ситуации ви дава “know-how” како да се справите со слични искуства за во иднина. Поднесувањето на стрес го зајакнува не само телото, туку и духот.

Ве прави покреативни

Чувствувате стрес, кога треба да тргнете по нов пат и не знаете што ве очекува. Тензиите туркаат кон промена, а секоја промена ве учи да се борите, да се адаптирате и да го проширувате знаењето и вештините. Новото секогаш е поврзано со активирање на креативноста како дел од прилагодувањето.

Мотивира да успеете

Стресот е поврзан со надминување на какви тешкотии – опскурност, рокови, конкуренција и т.н. Сето ова може да се покаже како доста позитивно, бидејќи ве мотивира и амбицира да се справите и да се докажете.

No comments

Powered by Blogger.