Што би се случило ако Трамп тргне во војна против Северна Кореја?

Пишува: Toчка

Британски „The Independent” објави опширна анализа на експерти кои предивидуваат што точно би можело да се случи со понатамошните односи помеѓу САД и Северна Кореја и какви би биле последиците од можната војна помеѓу овие две држави.

„Сега кога имаме моќно нуклеарно оружје за заштита од американската нуклеарна закана, на целосна војна без никакво двоумење ќе одговориме со целосна војна и на нуклеарна војна ќе одговориме со нашиот вид на нуклеарен напад, и ќе бидеме победници во завршната битка против САД.“

Ова е само една од последните изјави на Министерството за внатрешни работи на Северна Кореја среде се` поголемите тензии околу тестирањето на ракети и нуклеарната програма на земјата.

„САД имаат уште помоќна бомба од ’мајката на сите бомби’“

Ким Јонг Ун се заканува со „удар кој целосно ќе ги уништи САД“ и не покажува знаци на попуштање под меѓународниот притисок. Нападите на Трамп на Авганистан и Сирија се сфатени како знаци за предупредување на Пјонгјанг.

Пензионираниот полковник на специјални воени сили на САД, Дејвид Максвел, изјавил дека САД има уште помоќна бомба од „мајката на сите бомби“ фрлена на Авганистан, а тоа е Massive Ordnance Penetrator (Mop) бомбата развиена специјално за целите на севернокорејските подземни објекти.

„Постојат многу цели закопани длабоко во подземјето и Mop е развиена за тие цели. Но, мораме да го поставиме прашањето: Дали може воената акција против Северна Кореја да резултира со нивен катастрофален одговор?“, рекол Максвел, пишува „The Independent”,



„Северна Кореја на секоја воена акција би можела да реагира со катастрофален удар“

Максвел смета дека Пјонгјанг би можел да изврши нуклеарен напад ако владата заклучи дека режимот е во опасност.

„Не би победиле во војна против Јужна Кореја и САД, но би можеле да помислат дека војната им е единствена опција“, рекол тој. Максвел смета дека Северна Кореја би можела да реагира со напад и на можен изолиран превентирен удар.

„Веројатноста за американска воена акција е многу мала“

Истражувачот Џон Нилсон Рајт смета дека веројатноста за американска воена интервенција е „многу мала“.

„Вашингтон не може да си дозволи изолација од Сеул и Токио, а се чини дека и Трамп повеќе го интересираат реторички провокации отколку воена акција“, рекол Нилсон Рајт, пишува „The Independent”.

Трамп и потпретседателот Шон Спајсер неодамна ја ублажиле реториката околу Северна Кореја и изразиле можност за мирно решавање на проблемите и преговорите.



„Ким се однесува како терорист и само бара внимание од јавноста“

Максвеl предупредил дека САД мора да се воздржи од опасни реторики и коментари после „секој тест и покажување сила на Северна Кореја“, бидејќи „Ким се однесува како терорист, а тоа значи дека го сака вниманието на јавноста“.

Нилсон Рајт заклучил дека единствените начини за решавање на кризата се заеднички притисок на сојузниците и преговори. Можни мерки се економски санкции од страна на Кина, политички договор за прекин на тестирањето на оружје и мировни преговори.

No comments

Powered by Blogger.