Му откажале моторите на траектот, па удрил во бетонски столб: Патниците паѓаат од силниот удар

Пишува: Tочка

Пет лица биле итно пренесени во болница откако огромниот траект вчеравечер се удрил во бетонски столб во Луз, на шпанскиот остров Гран Канариа, пишува The Sun.

На драматичното видео кое циркулира на интернет, се гледа како траектот се забива во бетонската бариера, а преплашените патници се спуштаат од бродот придружени од страна на персоналот.

Бродот кој пловел кон Тенерифе носел 140 патници и 30 членови на екипаж, како и голем број на возила, а имал дефект на моторот во моментот кога го напуштил пристаништето.

Покрај огромната материјална штета која е направена на самиот брод , но и во пристаништето, настанал и голем еколошки проблем: се проценува дека по несреќата во морето истекле речиси 200.000 литри гориво. Сепак, подоцна со истрагата се потврдило дека оваа ситуација ќе може адекватно да се санира без поголеми последици за животната средина.

Снимките кои започнаа да циркулираат на социјалните мрежи ја прикажуваат сцената од внатрешноста на бродот на која се гледа како лутите патници се расправаат со членовите на екипажот, кои пак се обидуваат да ги смират.


На снимките се слуша како патниците од персоналот бараат повеќе информации за она што се случува со траектот. Патниците започнале да го напуштаат бродот околу 22 часот, дури еден час и половина откако се случил дефектот на моторот.

За среќа, поголемиот дел од патниците се здобиле само со полесни повреди, освен еден човек кој претрпел неколку скршеници при падот. Неколку луѓе добиле и напад на паника, вклучувајќи и една бремена жена, но тие биле згрижени на лице место.

Голем број од патниците се сместени во локалниот хотел, а полициската истрага на месото на несреќата се уште трае.

No comments

Powered by Blogger.