Седум дена ги миев лицето и косата со вотка - сега не можам да се препознаам

Пишува: Точка

Кога слушнала за сите бенефиции кои можете да ги имате од употреба на вотка за миење лице и коса, оваа девојка одлучила да ги тестира овие тврдења.

Прочитав многу совети од жени кои тврдат дека нема поента да купувате скапи шампони и средства за миење лице ако дома имате вотка.

Наводно вотката има голем број на предности покрај тоа што може да ве начука. Поради тоа одлучив да ги тестирам овие тврдења.




Мојата кожа и коса најверојатно никогаш не биле во полоша состојба од сега. Секојдневно претерувам со шминката за да ги сокријам несовршеностите на моето лице, а косата ми е постојано во репче.

Затоа одлучив недела дена да употребувам вотка за одржување на косата и кожата на лицето.

Лице

Помешајте подеднакво вотка и вода, па мешавината со помош на памук нанесете ја на лице. Истиот момент кога вотката го допре моето лице почувствував како кожата ми се затегнува и лади.

По една недела од оваа рутина, мојата кожа повеќе не беше толку масна, а инаку имам многу мрсна кожа. Така што ова е совршено решение за сите кои имаат мрсна кожа - но овој третман никако не им го порачувам на жените со сува кожа.



Коса

Доволно е во вашиот шампон да истурите еден шот вотка. На овој начин ќе ги отстраните сите нечистотии од косата и ќе ја направите сјајна.

Јас на почетокот се плашев дека вотката ќе го исуши мојот скалп како што го направи тоа со моето лице, но погрешив. Не само што косата ми беше посјајна, туку и другарките ми кажаа дека ми е свиленкаста.

Косата отсекогаш ми била сува, особено по бланширањето. Фактот дека на други им изгледа свиленкасто ме воодушеви. Дури и за време на дождливите и влажни денови, косата ми изгледаше совршено.



Отстранување на првут

Во една чаша вотка додајте три гранчиња рузмарин и оставете ја мешавината преку ноќта. Утредента исцедете ја течноста и втријте ја на скалпот. Оставете ја нека отстои половина час а потоа измијте ја главата со ладна вода.

Само после еден третман првутот речиси исчезна. Недела дена експериментирав со вотка и можам да кажам дека резултатите кои ги постигнав се фантастични. Не можам да се препознаам.



No comments

Powered by Blogger.