„Зара“ го најавува летото со свежа цветна линија


Актуелните карнери, голи рамена, цветни дезени и кариран дезен се дел од новиот lookbook Summer breeze за пролет 2017 на популарниот high street бренд Zara. Колекцијата е богата со свежи, младешки креации и трендовски модни додатоци и направени се навидум неспоиви колоритни комбинации. Моделите се романтични, во бохо стил, и се слика за ведрата, динамична и модерна девојка и жена. Понудени се парчиња со кои се редефинира елеганцијата: палта, кошули панталони и здолништа со отмен тон, но освежени со цветни дезени и карнери. Во линијата има и ѕвонарки, фустани со преклоп и голи рамена, миди модели, кошули со каро шара, молив здолништа со голем карнер на дното, како и кратки топови на едно рамо. Линијата е збогатена со костими за капeње кои може да се носат и во комбинации што не се за на плажа.



















No comments

Powered by Blogger.