Дали претерувате со кафето: Колку шолји на ден ви се доволни?

Многумина од нас го започнуваат денот со утринско кафе и притоа никој не обрнува премногу внимание на тоа како кофеинот влијае на нашиот метаболизам.



Тоа е така од причина што на оваа тема отсекогаш постоеле аргументи за и против, а ние се одлучуваме да веруваме во она што најмногу ни одговара во даден момент.

Сепак, време е да се соочиме со реалноста - ризици постојат, па никогаш не е на одмет да дознаеме нешто плус за тоа кога и во колкава количина е најсоодветно да се пие кафе.

Според авторот на книгата „The Genetics od Health, for Mindbodygreen“, доктор Шепард П. Пол, работите не се така едноставни. „Секој човечки организам со различна брзина го метаболизира кофеинот“, наведува д-р Пол. „Кај луѓето кои побавно го варат кофеинот, постои поголем ризик за срцев удар, доколку во текот на денот консумираат повеќе од две шолји кафе.

Па сигурно ве интересира како да дознаете во која група на кофеин-толеранти спаѓате вие?

За жал, единствен начин за да го дознаете тоа е преку одредување на генетскиот тип. Така, според доктор Шепард, луѓе со варијанта на АА на генот CYP1A2 се брзи метаболизери, додека оние со AC или CC подтипови на генот се бавни метаболизери.

За оние кои се наоѓаат некаде измеѓу најдобро е пиење на кафе да го ограничат на 300 до 400 mg дневно, односно три до четири шолји на ден.

Доколку почувствувате дека сте чувствителни на кофеин, најдобро е да се ограничите на една до две шолји кафе на ден.

No comments

Powered by Blogger.