Судбината на Пирс Броснан: „Откако ги изгубив сопругата и ќерката, за мене чашата е половина празна“

Пишува: Точка

Актерот, кој е роден во Ирска, имал прилично тешко детство. Татко му го напуштил семејството набрзо по неговото раѓање, а неговата мајка заминала да работи во Лондон.

Личните трагедии кои му се случиле на Пирс Броснан (63) драстично го промениле неговиот поглед на животот. Неговата прва сопруга Касандра починала во 1991 година од рак на јајниците, а 22 години подоцна (во 2013 година) од истата болест починала и неговата ќерка Шарлот. Сега, актерот проговори за тие трагедии и призна дека не гледа многу позитивно на работите.

„За мене, чашата не е секогаш половина полна. Од време на време во мене се појавува тоа ирско, меланхолично куче“, рекол славниот актер, пишува „Daily Mail".



Броснан со починатата сопруга го има и синот Шон (33) кој исто така е актер, а по нејзината смрт посвоил две деца – споменатата Шарлот и Кристофер (44). Со сегашната сопруга Кели Шеј Смит има два сина – Дилан (20) и Парис (16).

Славниот актер, кој е роден во Ирска, имал прилично тешко детство. Татко му го напуштил семејството набрзо по неговото раѓање, а неговата мајка заминала да работи во Лондон. Поранешниот Џејмс Бонд технички бил сираче кое прво живеело со роднини, а подоцна во интернат.



Тој го запознал неговиот татково 1984 година кога во Ирска го снимал филмот „Remington Steele“.

„Том го сретнав едно неделно попладне. Разговаравме за се` и сешто, испивме неколку пива и се разделивме. Би сакал да имав прилика подобро да го запознаам“, признал тој.

No comments

Powered by Blogger.