Катарзичното финале на одличната серија "Big Little Lies"


Уште на почетокот на серијата, убиството во Big Littles Lies стана главен привлечен елемент, во корист на откривање на интимните живот на актерките кои глумат мајки во серијата. Некои од нештата кои што се криеа беа психолошки, како стравот за неуспех кај Рената. Некои беа потенцијално штетни за домаќинството, како аферата на Меделин. И некои беа заканувачки по живот, како силувањето на Џејн и насилството кон Селест, кои како што испадна биле направени од истиот монструм.

Крајот е крај што сите го очекувавме. Никол Кидман, кој исто така беше и продуцент на овој проект, ја зема предизвикувачката улога на Селест, која страда од физичко и емоционално насилство од нејзиниот маж. Но во последниот час, таа конечно му се спротистави, кога се соочува со доказите дека нејзините синови не само што биле сведоци на насилството, но и биле и тие насилни.

"Ова е едно од нештата на која сум најгорда, можноста да продуцирам и да помогнам да се оствари", вели Кидман.



Александар Скарсгард кој го глуми маожот на Селест (Никол Кидман) вели дека насилните сцени биле тешки за снимање. По стилот на Џин-Марк Вали, сцените се снимени од почеток до крај без пауза. Иако тоа дозволило голема слобода за актерите, исто така значело дека тие ги повторувале целите сцени повторно.

"Деновите беа лоши" вели Скарсгард. "Но да се има партнер како Никол е извонредно. Имавме прилика да се запознаеме и да изградиме доверба. И секогаш се проверувавме меѓусебно доколку се е во ред. И повторно ќе проверевме дали е се во ред на крајот од денот бидејќи правејќи го тоа од 8 до 10 часа и одење повторно назад во свое семејство е интензивно."

Серијата ви ја препорачуваме да ја гледате, беше емитувана на HBO но веруваме дека ја има и на останати извори на интернет. 


No comments

Powered by Blogger.