Никол Кидман му се одмаздува на Колин Фарел во трејлерот за „The Beguiled“

Никол Кидман воопшто не е импресионирана од шармот на Колин Фарел во морничавиот прв трејлер за „The Beguiled“, новиот филм на Софија Копола.



Кидман ја толкува улогата на управителка во женско училиште, додека Фарел е ранет војник кој бара засолниште во училиштето. По неговиот престој во куќата се појавува сексуална тензија и опасен ривалитет, кој ги свртува едни против други.

Филмот е базиран по книгата „A Painted Devil“ на Томас Калинг од 1966 година. Покрај Кидман и Фарел, во останатите улоги се појавуваат Кирстен Данст, Ел Фенинг, Ема Хаурад и други.

Премиерата е закажана за 23 јуни.

No comments

Powered by Blogger.