Британски политичар ја откри вистината за Сирија: Водителот на BBC остана без зборови

Пишува: Точка

Поранешниот британски амбасадор во Сирија, Питер Форд, одби да се согласи со пропагандата на BBC за Сирија и наместо тоа фрли "бомба со вистината" во живо.

Уморен од пропагандата која од самиот почеток ги охрабрува државите, Питер Форд ги отфрлил политичките лаги и со ништо не се согласил, почнувајќи од првото прашање кое му го поставил водителот на BBC.

Повикувајќи се на тврдењето дека Асад е одговорен за хемискиот напад во Сирија, водителот прашал: "Тоа е факт, зар не?"

Погрешно. "Тоа е мит", вратил Форд со гадење кон идиотизмот на мејнстрим медиумите и нивните лаги. "Тоа не е факт. Ниту вистинското прашање", продолжил, поправајќи го водителот.

"Она што е потребно е истрага, бидејќи постојат две можности за тоа што се случило. Една е американската верзија - дека Асад употребил хемиско оружје врз својот народ."
"Другата верзија е дека е фрлена обична бомба и дека таа ја погоди депонијата каде што џихадистите го кријат хемиското оружје. Не знаеме која од овие две опции е точна. Сетете се на Ирак. Експертите, разузнавачките агенции, политичарите, сите беа убедени дека Садам има оружје за масовно уништување. Креираа какви се не докази, фотографии, дијаграми. Сите погрешија. Се беше грешно. Најверојатно грешат и во овој случај. Едноставно само си бараат изговор да ја нападнат Сирија.”

Ова било премногу вистина за една вечер, повеќе отколку што BBC емитува преку цела недела. Свесен дека количината на вистината е премногу за вкусот на неговите претпоставени, водителот на BBC преминал во контрола на штетата и започнал да чита од истото сценарио кое CNN и MSNBC водителите го користат секогаш кога гостинот ќе се осмели да тргне против одобрената приказна на паралелни држави.

Па така, очајниот водител на мејнстрим медиум го обвини Питер Форд, поранешен британски амбасадор во Сирија, дека е руски оперативец, но Форд веќе бил подготвен за ваков низок удар. Како тивок, нежен човек, кој претрпел премногу понижување, поранешниот амбасадор го задал и својот контранапад како човек кој нема што да изгуби.



“Јас не го оставам мозокот во фиока кога проучувам некоја ситуација аналитички. Се обидувам да бидам објективен”, изјавил Форд. “А врз основа на претходните искуства, вклучувајќи го и Ирак, можеме да видиме дека не треба да се зема здраво за готово се она што таканаречените експерти ни го кажуваат кога имаат план.”

“Трамп самошто им даде на џихадистите илјада причини да изведуваат операции под лажно знаме, гледајќи колку е успешно и лесно со наивните меидуми да го испровоцираат Западот и да го наведат на прекумерени реакции. Тие (Ал Каеда и ИСИС) најверојатно ќе организираат операција слична на таа која веќе ја направија – а таа беше документирана од страна на Обединетите нации во август минатата година – извршија напад со хлор гас врз цивили и се обидоа да го претстават ова како дело на режимот.”

“Вакво нешто ќе се случи и сите воени шпекулации ќе ни викаат дека Асад ни пркоси и дека мора со поголема сила да се тргне против Сирија.”



Тогаш водителот на BBC сфатил дека си има работа со човек кој е одлучен да ја зборува вистината, и дека не сака и не може со смешни обвинувања да биде замолчен. Одлучил да му оддаде почит на Форд, каква што требал да добие од самиот почеток на интервјуто.

“Со вашата стручност – вреди да се спомене дека сте поранешен амбасадор во Сирија – со вашето знањењ за Башар ал Асад и неговиот режим во оваа земја, што мислите, каква ќе биде неговата реакција на сето ова?”

Форд одговорил: “Асад можеби е суров, брутален, но не и луд. Тоа пркоси на верувањето дека тој би си го ставил сето ова врз своја глава без воена помош, градот кој беше погоден нема никакво воено значење, ова апсолутно нема смисла. Тоа ги налути Русите. Не од друга причина, туку ова едноставно не е прифатливо”...

“Сите ќе ги носиме последиците. Цената на нафтата ќе скокне. Најверојатно како резултат на ова ќе има уште повеќе употреба на хемиско оружје, а не помалку. А и ова е исто многу важно – Русите и Сиријците ќе пружат помалку соработка во борбата против ИСИС.”

No comments

Powered by Blogger.