Што мисли Стив Возниак за тоа каде ќе биде Apple во 2075



Еден од основачите на Apple, Стив Возниак, смета дека големите интернет компании како Google, Facebook и се разбира Apple ќе постојат и ќе бидат уште поголеми дури и за 60 години. Изјавата доаѓа во пресрет на годинешната конференција на Силиконската Долина која е насловена „Иднината на човештвото: Каде ќе бидеме во 2075-та? (“The Future of Humanity: Where Will We Be in 2075?”

Како главна причина зошто тој смета дека Apple се’ уште ќе постои и ќе биде голема компанија за толку многу време, тој го посочува фактот дека компанијата има способност „да инвестира во речиси се“. Меѓу останатото, тој го наведе и нивниот iPhone кој, како што вели, му дал на човекот повеќе моќ од Супермен.

Возниак смета дека компанијата која тој ја формирал ќе опстои на пазарот долго време, споредувајќи ја со IBM, компанија основана во 1911 година. Истото мислење тој го има и за „конкурентските“ Google и Facebook. Во таа насока, тој изјави дека во времето кога го создавале Apple, основачите, вклучувајќи го и Стив Џобс верувале дека компанијата ќе постои засекогаш.




Претходно Возниак и останатите од првата постава на Apple кои го конструираа првиот Apple I компјутер во гаражата на Стив Џобс се сретнаа во Living Computers: Museum + Labs музејот во Сиетл. Средбата беше по повод отворањето на новиот дел од музејот посветен токму на Apple, наречен „Apple Computer Exhibit“.

Извор: 9to5Mac

No comments

Powered by Blogger.