Првиот трејлер за „Annabelle: Creation“ е морничав

Дејвид Ф. Сендберг е режисер на хорор филмот „Annabelle: Creation“, во кој е прикажана морничавата приказна за потеклото на куклата наречена Анабел.



Дејството го следи животот на изработувач на кукли и неговата сопруга, 20 години по трагичната смрт на нивната малечка ќерка. Тие во својот сом примаат калуѓерка и неколку сирачиња, но набргу почнуваат да се случуваат неприродни и застрашувачки работи поврзани со опседнатата кукла.

Премиерата е закажана за 11 август, а во главните улоги се појавуваат Миранда Ото, Стефани Сигман, Грејс Фултон и други.

No comments

Powered by Blogger.