Хорор во градинка: Деца оставени без надзор со часови, 8-годишно девојче убило бебе бидејќи многу плачело!

Пишува: Toчка

Осумгодишно девојче е осомничено за убиство на бебе во една градинка во Мичиген, во која неколку деца со часови биле оставени без надзор.

Причината за смртта и натаму е непозната, а 5-годишното дете кое исто така било во градинката може да биде единствен сведок на трагедијата.

Полицијата верува дека децата биле оставени без надзор неколку часа.


Шефот на полицијата Џефри Луис, рекол дека најверојатно малиот Кори почнал да плаче, а дека 8-годишното девојче отишло да му помогне.

"Лицето кое е вклучено во смртта веројатно чувствувало дека нешто не е во ред. Ако сте дете и скршите или расипете нешто, вие тоа се обидувате и да го сокриете", рекол Луис.
Мајката на детето, Брајана Ризоновер, рекла дека на лицето на детето имало модринки кога отишла да го земе од градинка.

Таа ги одвела своите три деца на чување бидејќи морала да работи ноќна смена. Кога дошла да ги собере, Кори не давал знаци на живот.
"Ужасно ми е бидејќи знам дека пател, а веројатно само сакал јас да дојдам", рекла скршената мајка.

Таа го опишала своето дете како радосно дете кое само што почнало да оди пред неколку недели.

8-годишното девојче е одведено во болница на проценка на психичката состојба, и не е јасно каде ќе биде сместено.



No comments

Powered by Blogger.