Роберт Тејлор, иноваторот кој ја обилкуваше модерната компјутерска технологија, почина на 85


Како и многу други пронајдоци, интернетот беше дело на безброј раце. Но, најверојатно никој не заслужува повеќе кредит за технолошкото отскокнување кое го промени светот како Роберт В. Тејлор, кој почина во четвртокот на 85 години во својот дом во Калифорнија.

Тејлор, кој боледуваше од Паркинсонова болест, почина во четвртокот во својот дом во Калифорнија, соопшти неговиот син Курт.

Навистина, само неколку луѓе беа одговорни за оформувањето на современиот-компјутерски свет како него. Неговиот плодотворен момент дојде во 1966-тата. Самошто доби нова работна позиција во Пентагон - директор на Управата за обработка на информации, како дел од агенцијата за истражување на напредни проекти, позната како ARPA - и на својот прв ден работа веднаш му станало јасно што недостасувало во компанијата и што и' било потребно.



Во тоа време, Арпа финансирала три одделни компјутерски, истражувачки проекти и користела три различни терминали за комуникација со нив. Г-дин Тејлор одлучил дека на одделот му е потребна само една компјутерска мрежа на која ќе се поврзе секој проект со останатите.

"Отидов да го видам Чарли Херцфилд, кој беше на чело на Арпа, и' му ја кажав идејата", - Тејлор во интервју за The Times. "Тој веднаш се вљуби во идејата и извади милион долари од буџетот за балистичките проектили кои ги префрли директно на мојот буџет, на лице место во истата секунда", додал.



Половина деценија подоцна, во легендарниот истражувачки центар Пало Алто во Северна Калифорнија, Тејлор бил клучната фигура во уште еден технолоѓки чекор нанапред: дизајнот на Алто компјутерот, кој важи за претходник на прсоналниот компјутер. Тој исто така играл важна улога и во откривањето на компјутерското глувче.

Во 1961-ва година, тој веќе работел една година во НАСА во Вашингтон како проект менаџер кога дознал за работата на младиот компјутерски научник на Институтот за истражување во Станфорд. Научникот, Даглас Енгелбарт, ги истражувал мозжностите за директна комуникација меѓу луѓето и компјутерите. Тејлор одлучил да инвестира и свои пари во работата, па така дошло и до креирањето на глувчето кое подоцна ќе доведе до дизајнот на двете - Macintosh и Microsoft Windows системите.

No comments

Powered by Blogger.