Голема драма кај турскиот брег: Руски шпионски брод со 78 војници потонал откако удрил во турски брод

Пишува: Точка

Руски разузнавачки брод потонал откако кај турскиот брег се забил во брод кој пренесувал стока. 78 војници кои во тој момент се наоѓале во пловилото, биле евакуирани.

До судирот дошло на околу 25 километри од брегот на Црното море, а при блиската средба на бродовите дошло до пробивање на трупот, по што рускиот почнал да тоне. На бродот во тој момент имало 78 војници, додека на другиот имало животни.



Драматична борба за спас на екипажот

Руското министерство за одбрана наведува дека се обидуваат да спасат извиднички брод по име "Лиман". Како што соопштило министерството, бродот по ударот се здобил со дупка, и се наоѓа на 40 километри северозападно од Босфор, на брегот на Црното море.


По драматичната борба бродот да остане на површина, тој сепак потонал, откако водата почнала да се пробива низ дупката настаната при сударот.



Не настрадал никој

Никој од членовите на екипажот не настрадал, објавило министерството за одбрана. Точниот идентитет на другиот број уште не е познат: Русите го нарекле "Youzarusif" и "Ashot-7", пишува Daily Mail.

No comments

Powered by Blogger.