Берлускони официјално го продаде Милан за 740 милиони евра

Фудбалскиот клуб Милан од денес е во сопственост на кинеската компанија Sino-Europe Sports која од компанијата Finivest во сопственост на Силвио Берлускони купи 99,93 отсто од акциите на „росонерите“ за 740 милиони евра.



Дел од парите (220 милиони евра) се отплата за долговите на славниот италијански клуб, а останатите 520 милиони евра беа доволни за Берлускони да се откаже од Милан после три децении.

Во ерата на Берлускони, клубот се извлече од стечај, освои пет европски титули и осум пати беше шампион на Италија.

На чело на кинескиот конзорциум е бизнисменот Јонгхонг Ли, а претставници на Sino-Europe и Finivesta денес на нотар ги потпишаа документите за префрлање на сопственоста на клубот.

Нов претседател на „росонерите“ најверојатно ќе биде десната рака на Ли, Дејвид Хан Ли.

No comments

Powered by Blogger.