Речиси 70% од Македонците не можат да си дозволат одмор


69 отсто од граѓаните во Македонија не може да си дозволат да одат барем еднаш годишно на одмор или на некакво патување, а 68 отсто од граѓаните не можат да си дозволат да одат во кино или театар.

Ова го покажуваат последните резултати од анализата на Институтот за економски истражувања „Фајнанс тинк“.

Во анализата пишува дека за 78 отсто од населението во Македонија платата или пензијата е основен извор на пари. Другите преживуваат со помош на родителите, сопружниците, роднини од странство или од државата.



Според ова истражување, само една третина од населението успева да ги задоволи сите потреби и да заштеди дел од својот доход, 42,1 отсто успеваат да ги задоволат само потребите за храна и сметки, а 28,1 отсто не успеваат ниту тоа.

50% од населението не можат да си дозволат да јадат во ресторан барем еднаш месечно, 91% да одат на козметички третман, масажа, 78% да купат ново парче облека, обувки еднаш месечно, 76% да возат автомобил секој ден…

No comments

Powered by Blogger.