Секое утро веќе 7 години ја практикува истата работа: Ферги го откри изворот на својата убавина

Пишува: Точка

Пејачката и нејзиниот сопруг изгледаат одлично благодарение на оваа навика која ја практикуваат веќе седум години.

Познатата пејачка Ферги е горда мајка на тригодишното синче, а нејзиниот сопруг Џош Духамел е еден од најатрактивните холивудски фраери.



42 годишната Ферги има тело за какво повеќето жени на нејзина возраст само сонуваат, а таа изгледа и помладо од многу нејзини колешки.

Ферги призна дека тајната на нејзната фигура се крие зад редовно вежбање и правилна исхрана, но сепак има уште еден мистериозен детал кој таа и нејзиниот сопруг го практикуваат секое утро веќе седум години, за кој се колнат дека им дава енергија потребна за целиот ден.



Станува збор за зелено смути, а еве го рецептот:

7 просечни шољи за кафе исецкан спанаќ

6 шољи исецкана марула

2 чаши ладна филтрирана вода

1/2 шоља исецкан целер

1 зелено јаболко

1 крушка

1 банана

3 супени лажици свежо исцеден сок од лимон

1/2 шоља свеж магдонос

Сето ова заедно се блендира од најмала брзина, постепено кон поголема..

Тие откриле за магазинот "Health" дека овој пијалок го нарекуваат "енергија во чаша".. Од друга страна пак, не сакаат заедно да вежбаат, па секој си се фокусира на сопствените рутини. "Морате да ја видите мојата сопруга кога ќе се фокусира на некоја цел, еве на пример, да го доведе телото во одредена посакувана форма пред некој значаен настан - дадете и' само неколку недели и тоа е тоа. Не знам како и' успева ама и' успева", открил Џош за Ферги.



No comments

Powered by Blogger.