Добиле 60 милиони евра на лотарија: Но среќата кратко им траела, за брзо биле брутално спуштени на земја

Пишува: Точка

Германецот, Јенс Нуман (43) и неговата мајка секоја ендела играле лотарија, а неодамна го отвориле весникот и виделе дека тие се добитниците на 60 милиони евра! Меѓутоа, многу набрзо биле и брутално спуштени на земја.

Всушност, Јенс набрзо сфатил дека весникот погрешно ги испечатил бројките.

 - Jens Neumann aus  meinte den  geknackt zu haben - dabei waren nur die Zahlen @BerlinerKurier falsch.

Како и многу други страсни играчи, Јенс и неговата мајка секоја недела ги уплаќаат истите бројки. На први април оваа година ги отвориле весниците и виделе дека нивните бројки биле извлечени и дека тие всушност станале мултимилионери.

Суровата приказна, сепак била поинаква.

"Мислев дека ќе добијам срцев удар. За секој случај тргнавме да провериме и на телетекст, а таму имаше сосема различни бројки. Во весникот беа 5, 26, 30, 36, 44 и дополнителни 3 и 9, а на телетекст 8, 14, 34, 40, 44 и 1 и 7. Бев до кисок и ги купив сите други весници и ги споредив со Курир. Не можев да верувам во тоа", вели Јенс.

Весникот им се извинил бидејќи ги испечатил погрешните броеви, а Јенс е разочаран бидејќи не му испратиле ниту цвеќе.

"Секако, на никој не му се потребни 60 милиони евра, па ни на мене. Но прилично би ми помогнале да ги исплатам кредитите за куќата на мајка ми. а среќа, не тргнав одма да си купувам спортски автомобил", се нашалил Јенс.

No comments

Powered by Blogger.